Карлеуша жестоко му одговори на Врањеш

Една година по аферата со Јелена Карлеуша, Огњен Врањеш зборуваше за нивната врска и сите ги запрепасти кога рече дека никогаш не ја сакал пејачката.

Јелена Карлеуша се огласи по повод интервјуто на фудбалерот , во кое тој го пофалил нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, велејќи дека има челични нерви штом понатаму ја трпи.

„Кога, после повеќе од една година, некој зборува опсесивно за вас, измислува врска, го напаѓа вашето семејство и вас, јасно е дека тоа е изопачен ум, и мило ми е што секој го гледа сега. Во нормална состојба, јавните личности се заштитени со закон од вакви социопати, додека во Србија секој може да се слави на толку срамен начин. На овој несреќен човек му простувам на злото затоа што мајка ми ме научи дека простувањето е најголема победа на еден добар човек. Таа знаеше како да рече: „Сине, секој кога тогаш со своето зло ќе се забавува, нека биде така “, напиша Ј.К.

Фудбалерот се откажал од тужбата наводно, како што истакна самиот, поради тоа што е „свесен дека популарната пејачка не ги почитува надлежните органи, па нема намера да поткренува спор кој ќе трае со години“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*