Антониа Гиговска ги израдува фановите со нова песна

Антониа Гиговска ги израдува фановите со нов спот за песната „Крива сум“. Спотот веќе има одлична гледаност на јутјуб каналот, а деновиве се очекува да достигне и милион прегледи.

“Крива сум” е насловот на новата песна на младата и доста успешна Антониа Гиговска. Песната е дело на Дарко Димитров, кој се потпишува зад музиката и аранжманот, а текстот го напиша Игор Џамбазов. Антониа деновиве на својот јутјуб канал го објави и спотот за оваа песна кој што го реализираше веќе докажаниот Даниел Јовески.

Она што го ветува младата атрактивна пејачка, го исполнува. Песната “Крива сум” ја најави во интервју за сателитската ИН Телевизија пред извесно време, а покрај оваа песна како што открива таа, за скоро време ќе следуваат уште неколку нови музички дела.

-Подготвувам нова песна со Дарко Димитров и уште три или четири песни со Лазар Цветкоски. Сега не знам дали ќе бидат три од Лазар или две од Дарко, не се знае уште битно е тоа што работам на нови песни и спотови. Се враќам во Македонија и почнувам турбо со работа. Спотот го снимам со Даниел Јовески и не го менувам мојот тим. Викторија Бурса која што е моја стилистка и која што секогаш се грижи за мојот изглед, Даниел Николовски за шминка и навистина ми е многу мило што имам таков тим позади мене и ќе има многу нови проекти.-изјави Гиговска, во неодамнешно интервју за ИН ТВ.

Антониа е добропозната на пошироката јавност по големиот успех кој што го имаше во српското талент шоу. За неа слободно можеме да кажеме дека е девојка со магичен глас.

Иако е релативно млада, таа зад себе веќе има неколку познати хитови, “Никогаш не вели никогаш”, “Могли смо у двоје”, “Ванила”, “Слаба страна” и други.

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*