Сите детали за љубовната романса на Ана Николиќ и црногорскиот бизнисмен

Пејачката Ана Николиќ наводно пред два месеци започнала нова љубовна врска со црногорскиот бизнисмен Бошко, а новото момче го запознала претходната година кога купувала врати од него.

Имено, новото момче на Ана е сопственик на фирма која се занимава со продавање и вградување на врати.

-Ана и Бошко се запознаа преку заеднички пријатели пред неколку години, но оттогаш се немаа сретнато. Дури неодамна повторно се видоа и тоа случајно бидејќи Ана ја ангажираше фирмата на Бошко да ја промени влезната врата. Во таа прилика и тој дојде со мајсторите за да набљудува како оди работата“,  вели извор и објаснува дека пејачката се изненадила кога го видела познаникот на врата.

-На Ана најмногу и се допадна тоа што е сопственик на фирма и што наместо да седи во фотеља, тој оди на терен со своите мајстори и ја надгледува работата. По нивната средба, таа на една другарка раскажа дека покрај себе сака таков маж и дека никогаш не видела толку вреден и способен човек“, вели изворот близок на пејачката и додава дека симпатиите биле обострани, па по нивната прва средба, тој иницирал да се видат повторно.

-Бидејќи имаше број од Ана, Бошко и прати порака дека сака повторно да ја види, но на некое друго место. Тогаш официјално ја покани на средба, а Ана прифати без да размислува бидејќи не сакаше да пропушти таква прилика. По првиот „дејт“, постојано беа во контакт, а бидејќи Бошко живее во Црна Гора постојано доаѓаше во Белград да се види со Николиќ“,  вели изворот за српски „Курир“.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*