На атрактивни локации во Перт се сними нов видео запис на Јошката

Фолк пејачот Јошка, сними видео запис во Австралија. Снимањето се одвиваше на неколку атрактивни локации во Перт во соработка со ИН Продукција од Македонија.

На неколку атрактивни локации во Перт, Австралија деновиве се снимаше нов видео запис за познатиот фолк пејач Николче Симоновски Јошка или македонскиот Аца Лукас како што го нарекуваат во јавноста.

Како што дознава екипата на естрадниот магазин Естрада плус, станува збор за кавери на неколку познати хитови на Аца Лукас, односно микс кој што трае десетина минути. Видето го снимаше екипата на ИН Продукција од Охрид, која што периодов се наоѓа во Австралија.

Видео записот кој што ќе биде поразличен од сето она што тој досега го сработил, се очекува да биде промовиран во најскоро време на сателитската ИН Телевизија.

Инаку, Јошка беше дел и од Изборот на најуспешни лица кој што се одржа во Перт, а покрај тоа што доби признание за допринес и ширење на македонската култура и традиција во Австралија, тој беше и специјален гостин на вечерта па ги почести присутните гости со изведба на познати македонски хитови.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*