Иван Радевски не се откажува од македонската песна

Долги години живее во Австралија, но сеуште ја негува македонската песна. Иван Радевски открива што е следно на музичко поле за годинава.

Фолк пејачот Иван Радевски, по потекло е од Македонија, но долги години живее и работи во Мелбурн, Австралија.

Тој често доаѓа на одмор во Македонија, а неговиот престој и слободното време покрај за дружба со неговите роднини и пријатели, го користи и за снимање на нови песни. Иван беше дел и од снимањето на Новогодишните емисии на сателитската ИН ТВ во Мелбурн и Сиднеј, при што меѓудругото открива кои се неговите планови за 2020-та година.

-Секако дека имам доста планови за годинава, само постепено ќе откријам се. Јануари е месец на свадби, кршетвки и семејни веселби, во меѓувреме подготвувам и нови песни кои планирам да ги снимам здравје Боже во Македонија. Се надевам дека ќе сними повторно неколку видео записи таму заедно со екипата на ИН Продукција.-изјави Радевски, при неодамнешно интервју за ИН ТВ во Сиднеј.

Иван зад себе има голем број песни, за кои повеќето се изработени и видео записи во Македонија. Тука е и спотот за песната Љубовта е како судбина, кој што беше снимен во Австралија, а истиот го изработија неговите долгогодишни соработници од ИН Продукција.

Инаку, Иван е дел и од манифестацијата “ИН ТВ ги избира најуспешни Македонци во Австралија”, при што неговото учество може да се забележи буквално во сите градови каде што досега е одржан настанот.

Следен негов настап е на изборот за најуспешни во областа на Нов Јужен Велс, кој ќе се одржи на 22-ри февруари во градот Волонгонг со почеток од 8 часот.

Во продолжение погледнете го спотот за песната

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*