Татијана Стефановска периодов одмора со сопругот

Татијана Стефановска периодов ќе одмори заедно со нејзиниот сопруг Митко Бежаноски кој штотуку се врати големата турнеја во Америја. Ќе заминат на мал одмор, а веднаш потоа продолжуваат со ангажманите.

Татијана Стефановска важи за една од најдобрите и најбарани фолк пејачки на македонската естрада. Долги години опстојува на сцената, а зад себе има навистина богата ризница со македонски хитови. Но, сето тоа не би било така доколку не ја има безрезервната поддршка од нејзиниот сопруг Митко, добропознат на јавноста како виртуоз на дувачки инструменти. Митко два месеци беше на турнеја во Америка, со неколку колеги од фолк естрадата, а сега е веќе во Македонија па заедно со Татијана имаат бројни планови. Како што открива пејачката во интервју за ИН ТВ, тие периодов ќе заминат на убав одмор, со цел да надополнат за сето она време кога не беа заедно.

-Одвојувам доста време за приватниот живот. Мојот сопруг си доаѓа од турнеја во Америка. Скоро два месеци трае таа турнеја, секоја година е таму, скоро 10 години настапува во Америка со различни изведувачи, мои колеги. Овојпат беше со Спасен Силјаноски, Џесика Палашоска и Адријана Кеш. Цело време ги бројам деновите. Си оставивме малку време за нас, поточно за едно мало патување до Банско ќе направиме. Па потоа продолжуваат работните обврски.-вели Татијана, за естрадниот магазин Естрада плус.

И секако дека продолжуваат работните обврски за Татијана, бидејќи таа никогаш не мирува. Пред само краток период го промовираше спотот за песната “Избери”, а најавува уште еден спот кој веќе е снимен, а во моментов се изработува во студиото на нејзините соработници од ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*