СЕ ВЕРИ ДАМЈАН СТОЈАНОСКИ

Се вери младиот пејач Дамјан Стојаноски, а радосната вест ја објави неговата мајка Евица на социјалните мрежи. Негова избраничка е прекрасната Елена Билеска. 

Фолк-пејачот Дамјан Стојаноски, син на легендарниот пејач Војо Стојаноски, се вери со својата девојка Елена Билеска. Веста за веридбата ја откри неговата мајка Евица, која сподели слика на социјалните мрежи.

„Дамјан и Елена официјално кажаа да за љубовта и за заедничкиот живот. Ми се зголемува семејството, ми се полни куќата со радост, младост, среќа… Да се среќни и вечни!“, напиша таа.

Инаку, Дамјан имаше 18 години кога почина неговиот татко. Пејачот често изјавува дека огромната љубов кон музиката ја наследил од татка си, но и дека Војо му бил најдобар пријател, одличен родител, ментор и идол.

„Секогаш ме советуваше да се надградувам, но да не бегам од коренот. Во иднина сакам да препеам дел од неговиот богат репертоар. Татко ми сними многу убави песни, но некои поминаа понезабележителни, па планирам да ги оживеам,“ рече тој во едно интервју.

Екипата на естрадниот магазин Естрада плус и сателитската ИН ТВ им посакува долги години исполнети со љубов и бројни заеднички среќни мигови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*