Марија Шерифовиќ решена да стане мајка

Марија Шерифовиќ неколкупати изјави дека оваа сезона на „Sвездите на Гранд“ ќе и биде последната како членка на жирито, наводно заради нејзините планови да се оствари како родител.

Така, бебето на Марија стана една од главните теми, вклучително и меѓу нејзините колеги, кои очигледно не можат да го дочекаат  тој момент и едвај ќе чекаат  Марија да се појават заедно со бебето во шоуто.

„Сите ние ќе го чуваме и луламе бебето тука“, рече Вики Миљковиќ.

Уште сега, Саша Поповиќ веќе му смислил и улога на малечкото на пејачката.

„Ако бебето заплаче – кандидатот поминува! Ако не заплаче – никому ништо, отпаѓа“ – се пошегувал  Поповиќ.

„Очигледно најдобро ми е да го растам моето идно дете овде во „Sвездите на Гранд“, со насмевка констатирала Шерифовиќ.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*