Били Ајлиш пееше за починатите актери и режисери

Еден од највпечатливите моменти на вчерашните доделувања на Оскарите беше настапот на Били Ајлиш, која се прости од сите филмски великани кои починаа изминатата година.

Се одржа 92 – то издание на реномираната филмска манифестација Оскари. Оваа година за првпат македонски филм беше номиниран во две категории, но жал „Медена земја“ не доби ниту еден Оскар. Филмот „Паразит“ беше апсолутен победник на ова издание.

Но, Оскарите и оваа година им оддадоа почит на реномираните актери, режисери и луѓе од кинематографијата кои починаа во текот на изминатата година. Најтешката задача кога е ова во прашање ја имаше младата тинејџерска ѕвезда Били Ајлиш, која го отпеа култиниот хит „Yesterday“ од Битлси.

Аплаузи, воздишки и по некоја солза можеше да се забележи помеѓу присутните.

Додека ја пееше својата емотивна преработка на песната „Yesterday“ од големите Битлси, зад неа се дижеа имиња од славните актери и режисери, но и помалку познатите филмски работници како монтажери и композитори, кои со својата работа го задолжиле светот.

Меѓу имињата на починатите великани можеа да се прочитаат и Коби Брајант, Рип Торн, Тери Џонс, Агнес Варде, Ен Карин, Дорис Деј, Франк Зефирел, Питер Фонд и Кирк Даглас.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*