“Харизма бенд” во потрага по автор за нова песна

Членовите на “Харизма бенд”  периодов се во потрага по автор за нова македонска песна.

Тие ова го соопштија деновиве на официјалниот фејбук профил на “Харизма бенд”, со цел полесно и побрзо да најдат автор кој ќе им понуди квалитетна авторска песна во најскоро време, со цел да се оддолжат на нивните фанови.

Еве како гласеше постот на нивниот фејсбук профил :

-Нашата цел во 2020 година е да се оддолжиме на публиката со квалитетна нова наша песна.

Ние веруваме дека постојат автори кои имаат вештина да создадат квалитетна македонска музика.

Сите автори што го читате ова, ве молиме да не контактирате за можна соработка со нас.

Инаку, “Харизма Бенд” и Ивана Наумова, пред извесен период го промовираа најновиот проект кој што е насловен “Музика и Вино”. Овој проект се состои од два сплета, од кои едниот е составен од македонски свадбарски песни, а другиот содржи безвременски кафански хитови.

Проектот беше промовиран во вистинско време, односно во празничен период кога музиката е составен дел од секој дом. Вкупно 30 минути музика отсвирена и отпеана во живо.

“Харизма бенд” важат за едни од најпознатите, а воедно и најбарани музичари во земјава. Од неодамна, на бендот се приклучи Ивана Наумова која со нејзиниот прекрасен изглед, но пред се и извонреден глас допринесува тие да бидат уште попопуларни и поуспешни.

Во продолжение уживајте во видеото за нивниот свадбарски микс !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*