По одличниот проект “Балкан Бенд, Сузана Гавазова и пријателите”, момците најавуваат албум

Момците од Балкан бенд го подготвуваат нивниот албум. Тие во интервју за ИН ТВ најавија соработка со неколку нови лица, од кои и со познат текстописец.

Откако периодов го промовираа нивниот најнов проект кој што е насловен “Балкан Бенд, Сузана Гавазова и пријателите”, момците за периодот кој следи најавуваат нешто ново. Поточно, станува збор за комплетирање на нивниот албум, а како што велат во неодамнешното интервју за ИН ТВ, за да го добијат крајниот резултат им фалат уште две до три квалитетни композиции.

-Златко веќе нешто спомна, а тоа е нашиот албум кој што навистина долго време го најавуваме. Јас се надевам дека во текот на 2020-та година ќе успееме сето тоа да го организираме, мислам дека ни фалат уште две или три песни за конечно да стигнеме до албум. Меѓутоа сега веќе го бираме материјалот, сакаме песните да бидат баш онака како што треба.-истакна Александар Тасевски, вокал на бендот.

За естрадниот магазин Естрада плус откриваат дека за албумот ќе соработуваат со неколку нови личности, од кои и со познат текстописец со кој што планираат заедничка песна.

-Имаме соработка веќе и со некои нови ликови, нови имиња, нови луѓе, но ќе оставам за некое наше следно интервју, откако веќе ќе имаме нешто сработено. Ќе откријам само дека станува збор за еден прекрасен текстописец, со кој што се надевам дека ќе започнеме една соработка и дека барем една песна ќе имаме заедничка на албумот. Така да, мај или јуни ако успееме секако вие ќе бидете поканети на промоцијата на нашиот прв албум.-додава пејачот за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Балкан бенд се добропознати на јавноста како доста енергични момци кои имаат бројни настапи низ нашата земја. Најчесто се ангажирани на семејните прослави, но не изостануваат и гостувањата низ локалите и рестораните во Македонија.

Во продолжение погледнете дел од нивниот проект во живо !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*