Урнебесни фотографии од реакциите на децата по провокативниот настап на Џеј Ло

Џенифер Лопез и Шакира приредија вистински музички спектакл за паметење на овогодишниот Супер Боул. Енергичниот настап на двете диви е најпопуларната тема овие денови на социјалните мрежи, но и во медиумите.

Мајките на тинејџери и помали деца, објавиле урнебесни фотографии на реакциите од нивните деца по гледањето на настапот на Џеј Ло и Шакира.

Настапот на Џенифер Лопез и Шакира покрај позитивни реакции наишол и на негативни реакции кај конзервативниот дел од јавноста кој се залага Супер Боул да биде семеен настан и дека не треба да содржи такви провокативни содржини и еротизирани содржини.

Критиките на сметка на пејачките не биле толку многу точни затоа што на минатогодишниот Супер Боул, фронтменот од групата Maroon 5, Адам Левин, настапил без маица пред публиката и никој од конзервативците не се пожалил на тоа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*