Нов спот, настап во Шведска : Убав почеток на 2020-та за Татијана Стефановска

Годинава започна доста интересно и со бројни ангажмани за фолк пејачката Татијана Стефановска. Таа на почетокот од 2020-та година промовираше спот за песната “Избери”, а оствари и едно гостување во Шведска. Следно е патувањето во Швајцарија на 7-ми март, а по покана на Македонското друштво “Пијанец”.

2020-та година започна навистина убаво за Татијана Стефановска. Покрај промоцијата на спотот за песната “Избери”, познатата фолк пејачка имаше и кратко патување во Шведска овојпат заедно со нејзините колеги од група Оскар-Битола.

-Направивме одлична забава заедно со колегите од групата Оскар од Битола. На покана и организација на семејството Годевски, битолчани кои што живеат во Шведска. Забавата беше во местото Велинге, преубава забава, сите беа задоволни и веќе преговараме за нареден настап таму. Овојпат останав малку подолго, не беше само викенд. Имавме време и за прошетки и за шопинг, настапот, сето тоа одзема време, средување.-истакна Стефановска, при интервјуто за ИН ТВ.

Од сите земји, како што вели таа, најмногу има гостувано во Шведска и навистина и е многу драго што доста често има можност да се дружи со нашите македонци таму. И доста интересно е што според неа, 90 отсто од македонците каде што гостува се токму од нејзиниот роден град Битола, што дополнително придонесува таа да се чувствува како дома.

-Најмногу досега сум гостувала во Шведска. Друг пат забава организираа друштвото Пелистер, има и фудбалски клуб таму. Морам да кажам искрено во сите градови каде што има македонци сум гостувала, но најмногу во Трелебург. Ми се чини дека сите македонци кои се таму, 90 отсто се битолчани. Веројатно се пристрасни, јас се чувствувам како дома, но и тие ме осеќаат како многу блиска, па затоа и толку многу сум гостувала таму. Секогаш убави забави и секако престојат нови договори за понатаму.-открива пејачката за естрадниот магазин Естрада плус.

Следниот настап на Татијана надвор од Македонија е на 7-ми март во Пиду, Швајцарија. Македонската забава е по повод Денот на жената, а во организација на Македонското друштво “Пијанец”.

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*