За месец собра над милион прегледи : Дали ќе стигне до 2 милиони за два месеци?

За месец дена, спотот за песната “Бум Бум” од Сузана Гавазова собра над милион и 200 илјади прегледи на јутјуб каналот. Дали за два месеци ќе има и 2 милиони прегледи? Останува да видиме !

Периодов, новата песна од Сузана Гавазова направи вистински “БУМ”. Спотот беше и сеуште е еден од најсподелуваните на социјалните мрежи, а нејзините фанови се оние кои што најмногу се израдуваа на песната “Бум Бум”, која навистина е полн погодок.

Видеото за оваа песна се снимаше на повеќе локации низ прекрасниот Охрид, а спотот го изработија нејзините долгогодишни соработници од ИН Продукција.

За само месец дена, спотот собра над милион и 200 илјади прегледи на јутјуб каналот, што е навистина не е мала бројка, а истата е показател дека песната “БУМ БУМ” е најпопуларна периодов и во Македонија, но и надвор од неа.

Инаку, станува збор за доста старо оро, од кое подоцна е снимена песна на ромски јазик, а Сузана истата реши да ја сними и на македонски јазик.

Текстот за македонската верзија го напиша Орце Зафировски.

Во продолжение уживајте во видеото за “Бум Бум !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*