Џастин Бибер е тешко болен

Пејачот Џастин Бибер(25) многу млад стекна огромна слава и многу пари, после што се одаде на пороци, најмногу наркотици.

Како што раскажува, поради тоа денеска се бори со анксиозност, а неодамна откри и дека боледува од лајмска болест.

Пејачот за своите проблеми отворено зборува во документарната серија Сезони, во која открива дека секојдневно ја користи својата приватна хипербарична комора и прима инфузиии, како би се ослободил од токсините.

-Многу се мачам со анксиозноста. Вака мозокот добива повеќе кислород и се намалува нивото на стрес – вели Бибер.

Дел од неговата терапија се и антидепресивите, кои му помагаат да стане од кревет наутро.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*