Наум Џуклески и Кирил Белистојаноски најавуваат голем музички проект

Наум Џуклески и Кирил Белистојаноски при гостувањето во ИН ТВ, најавија голем музички проект кој ќе се реализира во текот на 2020-та година. Тие откриваат дека во проектот ќе бидат вклучени звучни имиња од македонската естрада.

Во текот на минатата година, Кирил Белистојаноски и Наум Џуклески работеа со полна пареа на снимање нов материјал.

Но, тие тука не запираат. Периодов веќе ги започнаа подготовките за нивниот голем проект во кој ќе бидат вклучени голем број музичари од македонската естрада. Како што откриваат за естрадниот магазин Естрада плус, станува збор за албум со преработка на стари македонски песни.

-Во 2020-та година започнуваме со уште еден голем проект. Се работи за цел албум со обработка на стари македонски песни. Во проектот ќе бидат вклучени голем број наши популарни и добри музичари.-вели Џуклески, во интервјуто за ИН ТВ.

-Еве веќе откривме дека за планираме нов проект со староградски песни преработени и очекуваме нов албум со преработка на стари македонски песни. Така да, ќе видиме допрва како ќе се одвива тоа. Сите песни ќе бидат снимени во студиото на Наум, јас искрено сум задоволен од соработката со него и од овие две песни кои што ги снимивме во неговото студио, така да соработката продолжува и понатаму.-изјави Белистојаноски.

2019-та ја заокружија со промоција на заедничката песна “Судба” и преработка на песната “Ништо не е случајно” од Наум Петрески. Песните ги претставија во студиото на ИН Продукција во Охрид.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*