Даниел Сидовски и Респекти ќе се насочат кон снимање авторска музика

Даниел и Респекти, периодов ќе се сконцентираат на снимање авторска музика. Даниел во интервју за ИН ТВ вели дека народот е презаситен од каверите и дека е време да се освежи македонската музика со нови хит песни.

Даниел Сидовски и група Респекти важат за едни од најбараните музичари во Македонија, а  најчесто настапуваат низ скопските локали и ресторани.

Во неодамнешно интервју за ИН ТВ, разговаравме со фронтменот на групата, Даниел кој меѓудругото истакна дека во следниот период тој и членовите на Респекти повеќе ќе се сконцентрираат на снимање авторски песни и вложување во истите, наспроти снимање на кавери, бидејќи како што вели негово мислење е дека веќе народот е презаситен од тие кавери.

-Лајв каверите мислам дека се веќе досадни. Заедно со групата се договоривме отсега да вложуваме во наши дела кои што ќе останат за нас. Затоа што веќе од вие кавери сме презаситени сите, а и мислам дека е сосема доволно иако македонската музика треба да ја оставиме, но и малку да ја освежиме со нови песни. Нека бидат одбрани, да може народот да ја прифати, да не биде само колку да се направи песната. Апелирам до сите наши колеги музичари од цела македонска естрада, да работат со квалитетни и одбрани продуценти, студиа, продукции и текстописци.-вели Сидовски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Даниел во летниот период го промовираше спотот за емотивната балада која што е насловена “Те сакам”. Спотот се снимаше на повеќе локации низ Скопје, во соработка со неговите долгогодишни соработници од ИН Продукција.

Следно од Даниел и Респекти е снимање на нова песна со свадбарска тематика. Тој вели дека веќе долг период се користат истите песни, затоа мисли дека е време да се освежат свадбарските песни.

Во продолжение погледнете го спотот за песната “Те сакам” !

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*