Татијана Стефановска за Денот на жената во Пиду, Швајцарија

Добро позната е по нејзините настапи во нашата земја, но и надвор од Македонија. На 7-ми март, фолк дивата Татијана Стефановска ќе настапи пред македонците во Пиду, Швајцарија. Забавата е во организација на Македонското друштво “Пијанец”.

По повод Денот на жената, Македонското друштво “Пијанец” организира голема македонска забава во Пиду, Швајцарија.

На забавата ќе настапи една од најпопуларните фолк пејачки на македонската естрада, Татијана Стефановска која што ќе биде придружувана од група “Бисера”.

Македонската вечер ќе се одржи на 7-ми март со почеток од 19 часот.

-Сакам да најавам за најскоро време едно гостување во Швајцарија кое што го организира друштвото Пијанец, тоа е во Францускиот дел на Швајцарија во Пиду. Ќе се случи една преубава забава на 7-ми март, а по повод Денот на жената. За првпат ќе настапувам во тоа место, заедно со моите колеги од Струга. Таму со мене ќе настапи и мојот сопруг, ќе патуваме заедно. Тоа ќе биде и приватно задоволство, но и работа. Ги поканувам сите кои што сакаат да бидат дел од таа забава, ќе биде одлично ветуваме одлична забава.-открива Стефановска, за гледачите на сателитската ИН ТВ.

Ние не се сомневаме дека Татијана ќе направи одлична атмосфера и дека ова ќе биде незаборавна вечер во Пиду.

А покрај ова патување во Швајцарија, Татијана во интервјуто за ИН ТВ, најави уште неколку ангажмани надвор од Македонија, од кои и заедничкиот настап со нејзиниот колега Дамјан Стојаноски во Виена.

Во продолжение погледнете го видеото за нејзиното најново музичко дело, песната “Избери” !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*