Колку чини фустанот кој Цеца го носеше на свадба кај Вељко и Богдана?!

За свадбата на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ која се случи во ноември претходната година зборуваше цел регион. Цеца за оваа прилика облече долг фустан во златна боја. На некои им се допадна модната комбинација на фолк пејачката, а некои коментираа дека се очекувало многу повеќе од неа.

На јавноста досега не беше познато колку чинеше овој  фустан на Цеца. Модната креација е дело на пејачката Марина Вишковиќ која освен со пеење се занимава и со дизајнирање.

„Модата отсекогаш беше моја страст. Јас отсекогаш сакав сама да ги креирам модните комбинации за спотовите. Од некоја своја потреба почнав да правам работи, ми требаше за снимање, за фотосесии и тогаш другарка ми кажа да направам бренд“ изјави Марина Вишковиќ и додава:

„Во периодот додека барав песна за мене, не знаев што ќе правам, тогаш почнав да цртам и да правам креации. Не очекував дека ќе има  интерес“ изјави пејачката во „Викенд специјал“.

На прашањето колку чини фустанот на Цеца на свадбата на Вељко, Марина одговори: „1 200 евра“ 

На свадбата кај Вељко и Богдана, Марина блескаше во модна комбинација која сама ја креирала.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*