Живе во друштво на идолот од детството Наум Петрески

Живе Мешуревски најавува нова песна во најскоро време, повторно во соработка со Борче Нечовски. Живе деновиве беше во друштво и на неговиот идол од детството, Наум Петрески.

Младиот Живе Мешуревски подготвува нешто ново и доста интересно. Тој во интервју за ИН ТВ најави нова песна во најскоро време, а доказ за неговите зборови е и најновата фотографија на неговиот фејбук профил, каде што Живе е во друштво на  познатиот текстописец Борче Нечовски.

-Во преговори сум поворно со Борче Нечовски, не го менувам. Во преговори сме да направиме нешто поразлично од претходно, па ќе видиме што ќе испадне. Спотот за таа песна сакам да се сними во странство овојпат и да биде нешто поразлично. Се надевам дека идејата ќе успее и дека ќе ја реализирам.-истакна Мешуревски, при неодамнешното гостување во ИН Продукција.

Заедно со нив беше и фолк легендата Наум Петрески кој што е идол на Живе уште од детството.

-Имав идол во детството, Наум Петрески и ден денес ми е идол. Неговите песни можам да кажам дека ми се најомилени и нема настап, а да не отпеам неколку негови песни. Имам повеќе омилени, но би рекол “Жал за Деспина” затоа што со неа имам настапено на еден фестивал и моите почетоци се со таа песна. Тоа беше навистина одамна Про Фест во Пробиштип.-додава тој.

Иако е релативно млад, Живе зад себе веќе има две авторски песни, “1001 Ноќ” и најновата “Не плаши се” за која што сними и спот во соработка со ИН Продукција.

Спотот на негово задоволство се снимаше во Преспанскиот крај, од каде што и потекнува младиот пејач.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*