ИН ТВ ГИ ИЗБРА НАЈПОПУЛАРНИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО МЕЛБУРН

Сателитската ИН ТВ ги избра најпопуларните и најуспешни лица во Мелбурн. Признанија добија истакнати македонци кои допринеле за ширење на македонската традиција и култура во Австралија.

Во одлична атмосфера пред многубројните присутни во Ферарос Рецепшн, Единствената македонска телевизија во Австралија, ИН ТВ ги избра најпопуларните и најуспешни лица во Мелбурн, Австралија.

Станува збор за доста истакнати македонци од македонската заедница во Мелбурн, кои воедно се заслужни за ширење на македонската традиција и култура во Австралија.

ИН ТВ признанија им додели на : Д-р Џим Ристески, Ненад Најдоски, младата Кајла , Марјан Васкоски, Австралиско Македонското младинско друштво Никола Карев и претседателот Аце Петревски, Професор Миле Терзиовски, Татјана Лазаревска, Новица Василевски, Гоце Ристески, Иван Радевски, Зоран и Валентина Стаменкови, Владе Јованоски, Стефан Ночевски, Ване Николоски, Петар Дамчески, Ферарос Рецепшн, Амадеус бенд и Гоце Петрески-Бананата.

Покрај доделувањето на благодарници, се одржа и одлична забава со исклучиво македонска песна, а гостите навистина се забавуваа заедно со познатите хитови на македонските музичари кои што настапија на Изборот на најпопуларните лица. Настанот беше директно емитуван на Сателитската ИН ТВ, која воедно го прославува 9-тиот роденден.

Покрај во Мелбурн, изборот на најуспешни лица е предвидено да се одржи во повеќе градови низ Австралија.

Следно, караванот на ИН ТВ и најуспешните заминува за Перт, на 8-ми февруари во Клубот Вардар со почеток од 20 часот.

Во музичкиот дел специјални гости ќе бидат Јошката и Владе Јованоски, а ќе настапат и Иван Радевски, Ленче Маркоска Петреска, Љупчо Николовски и други изведувачи.

Од сателитската ИН ТВ повторно ветуваат одлична забава, но и бројни изненадувања за гостите.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*