По “Меракот ми остана” Игор Бежаноски најавува нова песна

После песната “Меракот ми остана”, Игор Бежаноски најавува нова песна. Како што откри во интервју за ИН ТВ, песната ќе биде во весел ритам, а за истата ќе биде изработен и спот.

Игор Бежаноски пред извесно време го промовираше спотот за песната “Меракот ми остана”. Но, тој тука не запира. Веќе за следниот период најавува нова песна, а за естрадниот магазин откри само дека и следната песна ќе биде во негов препознатлив стил, односно во брз и весел ритам.

-Ќе откријам да, само некои детали не баш се. Тоа е се во преговори со вашата продукција. Иста таква македонска весела песна, со добри и врвни автори и секако соработка со ИН Продукција, видеото ќе го работиме повторно заедно. Песната би била готова за месец до два. Се надевам дека ќе успееме да постигнеме, бидејќи имаме доста ангажмани во следниот период, имаме доста најави и позитивни критики за претходниот проект кој го сработивме и сето тоа се одразува на нашата работа. Искрено се надевам дека за многу скоро ќе стигнеме да го сработиме тоа.-истакна Бежаноски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Игор при неодамнешното интервју за ИН ТВ вели дека е презадоволен од крајниот резултат и дека коментарите од неговите најблиски, музички соработници и од јавноста се доста позитивни.

-На почетокот од новата година заедно со ИН Продукција одлучивме да го промовираме новиот спот за новата песна која го носи насловот “Меракот ми остана”. Снимањето помина одлично, се беше супер и она што сакавме да го добиеме, го постигнавме. Крајниот резултат е одличен, екстра и многу сум задоволен, имам доста позитивни критики за тој спот и таа песна. Благодарен сум многу на вашата продукција и ви најавувам уште една соработка за следниот период и понатаму се разбира да сме здрави и живи, вакви какви што сме весели и да функционираме и работиме.-додава тој.

Инаку, Игор е добро познат на јавноста и по неговите бројни настапи кои што ги има во Охридско-Струшкиот регион, најчесто низ рестораните, но не изостануваат ниту семејните прослави.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*