Ташко Каранфиловски : Со нашинците во Австралија се чувствувам како прав македонец

Младиот пејач Ташко Каранфиловски, за естрадниот магазин раскажува околу досегашните концерти, но и импресии од првата турнеја за него во далечната Австралија. Тој вели дека одлично се чувствува помеѓу нашите македонци таму.

Ташко Каранфиловски ја остварува првата турнеја во Австралија. Тој за Естрада плус изјави дека е навистина среќен што има можност да пее кај нашите македонци во Австралија и да соработува со голем број македонски музичари таму.

Да се доживее ова чувство со нашинците тука во Австралија и да се осетиш прав Македонец е едно од најубавите нешта. Тука ќе останам два месеци, од кои еден веќе помина. Тоа беше месец исполнет со големи работи поврзани со мојата кариера.

Првиот настап во Австралија беше во “Doltone House” Сиднеј за Дочекот за најлудата ноќ. Настапував заедно со Гоце Петрески Бананата, Туше и Стефан, поминавме прекрасно, а тоа го потврдија и сите гости кои што беа дел од таа незаборавна вечер. За мене тоа беше нешто многу големо бидејќи се претставив со мои песни кои на огромно задоволство дел од публиката ги пееше заедно со мене. Потоа вечерта ја збогатив со Тапанот, кој претставува наш македонски белег, публиката беше презадоволна.-вели Таше, за естрадниот магазин Естрада плус.

На почетокот на месец Јануари, Ташко беше во посета на Мелбурн, каде што одржа уште два настапи заедно со Благојче Стојановски Туше и е презадоволен од тоа колку убаво бил прифатен од нашинците.

Се вратив повторно во Сиднеј имав уште четири настапи од кои последниот беше во клубот “Илинден” и тоа беше прекрасно чувство кое што не можам да го опишам, само накратко ќе кажам дека се наежив, најмногу од тоа кога слушнав како македонската песна ја пееја и старо и младо. Само така, можеш да осетиш дека навистина постоиш. Во периодот кој следи имам уште неколку настапи тука во Сиднеј, па повторно во Мелбурн и Волонгонг.

Голема благодарност до организаторите од фудбалскиот клуб Илинден од Сиднеј, секретар Љупчо Луи Белевски, Симе Бричот, фамилија Чаковски, до мојот кум Туше и до сите наши прекрасни Македонци кои живеат тука.додава Каранфиловски.

Престојот таму го искористи за посета на неколку македонски радиа, но и за дружба со голем број македонци, негови роднини, стари и нови пријатели. Тој за естрадниот магазин ни открива дека веќе е резервиран на неколку фамилијарни прослави во Австралија, за следната година.

Останатите импресии од целата негова Австралиска турнеја, Ташко ќе ни ги раскаже во ексклузивно интервју за Естрада плус, откако ќе се врати во Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*