Живе Мешуревски : Желбата да снимам спот во Преспа-мојот роден крај, ми се исполни

Неговата желба, да сними спот во неговиот роден крај-се исполни. Младиот Живе Мешуревски задоволен од прифатеноста на спотот за песната “Не плаши се”.

Младиот и талентиран пејач Живе Мешуревски пред извесно време го промовираше спотот за неговата втора авторска песна која што носи наслов “Не плаши се”. Спотот се снимаше во неговиот роден крај,  односно на повеќе локации низ Преспанскиот регион и Отешево, а истиот го изработи ИН Продукција.

-Желба ми беше да снимам спот во мојот роден крај, во Преспанскиот крај. Снимивме и во Отешево и Претор, тоа се навистина прекрасни локации. Па супер испадна и се надевам дека и на гледачите им се допадна. Во спотот се појавува Моника, голема благодарност до неа. Морам да кажам дека сум задоволен од соработката со ИН Продукција и секако дека ќе соработуваме и понатаму.-истакна Живе, за естрадниот магазин Естрада плус.

Живе при гостувањето во студиото на ИН ТВ во Охрид, ги сподели неговите импресии од песната и спотот и вели дека е задоволен од коментарите на јавноста.

-Можам да кажам дека сум задоволен, сеуште не ја имам доволно промовирано песната, допрва треба да го направам тоа и да ја промовирам на повеќе телевизии. Па ќе видиме, гледачите ќе кажат, ама досега се задоволни оние кои ја слушнаа песната. Коментарите беа добри, им се допадна песната, очекуваат сега нешто ново и поразлично да снимам, па ќе видиме.-додава тој.

Во интервјуто за ИН ТВ, Мешуревски открива дека во моментов е во преговори за нова песна, повторно со познатиот текстописец Борче Нечовски, која што ќе биде во поразличен стил од останатите. Тој најавува и снимање спот за таа песна, надвор од границите на Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*