Дарко Лазиќ го намали желудникот

Веќе две години Дарко Лазиќ има големи тешкотии со прекумерната тежина, со која се бори по сообраќајната несреќа што ја доживеа во октомври 2018 година.

После тоа, пејачот започна да се мачи со вишокот килограми, а состојбата му се влоши и поради болките во колкот. Сепак, собра сила и храброст, па Дарко отиде под нож минатата недела.

„Дарко го намали обемот на желудникот бидејќи тоа беше единствениот начин да се справат со вишокот тежина. Тој претрпе силна болка по операцијата, но наскоро ќе се врати на настапите, бидејќи паузираше еден викенд“ – изјави извор за српски Скандал.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„Операцијата на желудникот беше единственото решение за него. Ниту една диета не му помогна, а тој и не можеше да се мачи да изгуби тежина, а поради повредите не беше во можност да спортува. Здравјето на Лазиќ инаку беше сериозно загрозено и од високиот притисок, од кој постоеше ризик од срцев удар“ –  вели изворот.

Хируршкиот зафат поминал без никакви проблеми, траел околу еден час, а на вториот ден по лапароскопската операција пејачот бил пуштена дома. Според изворот, Лазиќ дошол на прва контрола многу расположен, насмеан и цело време разговарал со останатите пациенти на клиниката и се фотографирал со нив. Оваа операција чинела 300.000 динари или околу 2.500 евра.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*