Вистински спектакл најавуваат Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд во Австралија

Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд, веќе пристигнаа во Австралија, каде што пред нашите македонци ќе одржат вкупно девет концерти. Како што дознаваме, три од закажаните концерти се веќе распродадени, затоа побрзајте и резервирајте го вашето место на некој од останатите концерти и бидете од неповторлива вечер со Ѓоко Јовиќ и момците од Енерџи бенд.

Откако ги освоија срцата на сите македонци во Америка, незаменливите Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд заминаа во нов поход. Периодов на ред е нивната голема Австралиска турнеја и одржувањето на концертите пред нивните бројни фанови таму.

Како што дознава екипата на ИН ТВ и естрадниот магазин Естрада плус, 3 од 9-те вкупно концерти се веќе распродадени.

Нивната турнеја официјално започнува на 7-ми февруари со нивниот концерт во Волонгонг, а потоа продолжуваат во Сиднеј, Њукасл, Мелбурн, Queenbeyan, Перт.

Покрај нивните бројни ангажмани, нашите момци ќе имаат можност да се дружат со нивните роднини, пријатели. Ѓоко и Енерџи бенд периодов ќе уживаат во убавото и топло време, со сигурност ќе се релаксираат на плажа и ќе ги вкусат сите убавини кои ги нуди Австралија.

Пред нивното заминување во Австралија, Ѓоко Јовиќ се вклучи во живо на неговиот фејсбук профил и со убава песна ги поздрави сите негови фанови и пријатели.

Во продолжение уживајте во неговата одлична изведба !

Concert 15 #February se gledame vo #Newcastle – #Australia

Gepostet von Gjoko Jovik am Montag, 27. Januar 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*