Песни за сечиј вкус во новиот проект на извонредните “Molika One”

Наскоро, нешто ново и од групата “Molika One”. Во интервју за ИН ТВ, откриваат дека за следниот период се крчка нешто ново, односно нов проект со добро одбрани песни за сечиј вкус.

Младите, но доста искусни музичари од групата “Molika One” важат за едни од најпопуларните и најбарани во нашата земја. Покрај авторска музика, тие често снимаат и кавери на познати хитови. За периодот кој следи најавуваат проект со добро одбрана музика, како што велат тие, за сечиј вкус.

Проектот ќе се состои од неколку сплетови со македонски народни хитови, кафански песни за душа и микс од забавни песни, македонски и српски, песни кои што се најбарани на нивните настапи.

-Со групата заедно се подготвуваме да реализираме нов проект во живо со народни препеани песни. Јавноста нека очекува нешто ново од нас во најскоро време.-истакна Рената Ничовска, женскиот вокал на групата во неодамнешно интервју за ИН ТВ.

Периодов, љубителите на убавата песна и нивните фанови, “Molika One” можат да ги најдат низ рестораните и локалите во Битолскиот крај, каде што и најчесто настапуваат пред почетокот на сезоната на свадби и семејни прослави.

-Имаме доста настапи, сега сме најчесто ангажирани за викенди бидејќи во зимскиот период има помал број на семејни веселби, свадби. Така да, повеќе сме во рестораните и локалите, за викендите. За 2020-та година се надеваме дека ќе отпатуваме на турнеја во Австралија, но сеуште нема ништо конкретно.-вели таа за естрадниот магазин Естрада плус.

“Излажи ме”, “Очи неверни”, “Со мене до крај”, “Песна да запееме”, се само мал дел од нивните авторски песни кои што групата “Molika One” ги има зад себе.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*