(ВИДЕО) “Мајко” од ЛОЗАНО избрана за најдобра поп фолк нумера на Балканот

„Мајко“ на Влатко Лозаноски е избрана за најдобра поп-фолк нумера на MAC музичките награди во Белград. Уште еднаш се докажа дека Влатко е вистинска гордост на нас македонците и нашата Македонија. Честитки до него од целиот тим на Естрада плус и ИН ТВ. 

Познатата хит песна “Мајко” од Влатко Лозаноски, прогласена за најдобра поп-фолк нумера на спектакуларната музичка церемонија, доделувањето на регионалните музички награди „Мusic Аwards Ceremony“ која што се одржа во Штарк Арената во Белград.

Песната „Мајко“ е работена од добропознатиот тим професионалци, Магдалена и Лазар Цветкоски кои се потпишуваат зад текстот, музиката и аранжманот, додека спотот го изработи познатиот режисер од Охрид, извонредниот Даниел Јовески.

Нашиот Влатко, кој во моментов важи за пејач број 1 на македонската музичка сцена, победи во силна конкуренција, каде што номинирани беа Наташа Беквалац, Антонија Шола, Илма Карахмет и Лексингтон бенд.

-Здраво Белград, здраво до сите присутни во Штарк Арената и баш ми е мило што сум дел од овој спектакуларен настан. Поздрав за сите кои што гласаа за „Мајко“, една од моите омилени песни и голема благодарност до моите во Македонија, морам да го поправам Сале, тоа е Македонија, не е со тој додаток што го кажа предмалку. Сакам да ги поздравам сите македонци кои што ме поддржуваа повеќе од една деценија и благодарам до MAC кој што ми го направи убав почетокот на 2020-та година. Уште еднаш фала ви многу и се надевам дека нема да ми замерите за тоа што зборував на македонски јазик поради тоа што неколку пати слушнав дека на Јелена Карлеуша и е секси јазик…:)))-истакна Лозано при неговото обраќање на сцената.

Во продолжение погледнете го видеото !

Влатко Лозановски

– Јас не сум од Северна, јас сум до Македонија, порача Влатко Лозановски. 🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Gepostet von Свето име – Македонија am Montag, 27. Januar 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*