“Екатерина” лична карта на Христијан Стојоски

Песната “Екатерина” претставува лична карта на младиот пејач Христијан Стојоски. Тој вели дека оваа песна е една од најбараните на неговите настапи и открива дека истата е посветена на неговата најголема љубов.

Релативно млад, но доста успешен. Младиот Христијан Стојоски препознатлив по неговата авторска песна “Екатерина”. Тој во интервју за ИН ТВ вели дека оваа песна е една од најбараните на неговите настапи. Христијан се надева дека песната ќе биде ХИТ, бидејќи ниеден негов настап не поминува без “Екатерина”.

-Од таа песна па наваму, еве веќе година изминува, доста ми е барана на моите настапи. Без Екатерина не ми поминува настап. Слободно можам да кажам дека чувствувам дека песната ќе стане хит, а можеби и веќе е хит со оглед на тоа колку ми е барана.-истакна Стојоски за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Христијан се потпишува како комплетен автор на песната, а во следниот период планира да сними и спот кој ќе биде повторно во соработка со ИН Продукција.

Оваа песна тој ја сними минатата година, а како што открива во интервјуто “Екатерина” е посветена на неговата најголема љубов.

-Да, за песната можам да кажам дека е посветена на мојата најголема љубов. Текстот и за оваа песна го пишував сам, музиката и аранжманот се истотака мое дело. Можеби и токму поради тоа е најбарана песна. Не можам да напишам песна, доколку не ја чувствувам. За да успее една песна и да биде хит, треба да се напише со љубов, со внимание и тоа што го чувствуваш.-додава Христијан за гледачите на ИН ТВ.

Младиот пејач не мирува. Веќе за следниот период најавува нова авторска песна, која што ќе биде едно продолжение на неговата нова песна “Плачи срце”, за која што периодов промовираше спот, кој го изработи ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*