(ВИДЕО) Одлично рок изненадување од Антонио Пејоски

Одлична преработка на песна од Амадеус бенд, направи младиот пејач Антонио Пејоски. За следниот период, најавува авторска песна заедно со неговиот бенд.

Младиот талентиран пејач Антонио Пејоски подготви оригинално празнично рок изненадување за своите обожаватели.

Имено, Антонио и својот бенд успеаја да направат одлична преработка со рок аранжман на големиот хит „Само драга доџи куќи“ од Амадеус Бенд, а истата веќе одлично е прифатена од домашната јавност.

– Мило ми е што преработката веќе е одлично прифатена и има солиден број на прегледи на Јутјуб. Следно на што работиме со мојот бенд е наша авторска песна која планираме да ја објавиме на почетокот на пролетта, вели Антонио Пејоски.

Снимањето и комплетната обработка на звукот е дело на самиот Пејоски, додека видеото се снимаше во режија на Борче Димоски и Digital Box на летната сцена „Сиеста“ во склоп на Домот на културата во Струга.

Како потсетување, Антонио Пејоски и својот бенд настапуваат ширум целата територија на Македонија, но нивните обожаватели често можат да уживаат во нивната музика и во Косово и во Грција.

Во продолжение погледнете го видеото !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*