“Етно Балкан 2” и нов албум најавуваат од Дрим Тим

Бројни настапи и ангажмани, реализација на проектот “Етно Балкан 1”, беше само мал дел од она што го сработија момците од Дрим Тим во 2019-та година. За 2020-та година го најавуваат проектот “Етно Балкан 2”, но и нов албум.

Изминатата 2019-та година помина доста работно, но и успешно за момците од групата Дрим Тим. За нив, тоа беше година исполнета со бројни настапи, но и реализација на проекти. Во неодамнешното интервју за ИН ТВ тие го најавија проектот “Етно Балкан 2”, кој веќе се подготвува кај маестро Сашко Велков.

-Реализиравме неколку проекти, има и нови кои што ги работиме и песни. Сашко го спрема и продолжението на “Етно Балкан 1”, се спрема “Етно Балкан 2”, нови песни и нов албум. Се надеваме дека на почетокот од 2020-та година ќе се реализира “Етно Балкан 2”.-вели Дејан Чуле, за естрадниот магазин Естрада плус.

Покрај подготовката на “Етно Балкан 2”, периодов тие работат и на дел од песните кои ќе се најдат на нивниот нов албум.

-Песните се веќе собрани, новите песни би кажал за цд-то на Дрим Тим. Дел се веќе снимени, а за другиот дел сме влезени во студио, работиме и се надеваме дека за брзо ќе се готови сите песни кои што ќе се најдат на албумот.-додава тој, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, групата Дрим Тим опстојуваат долги години на македонската естрада и важат за едни од најпознатите и најбарани музичари во земјава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*