Песната “Плачи срце” од Христијан Стојоски ќе добие продолжение

Дали го погледнавте и дали ви се допадна новиот спот од младиот, но доста талентиран пејач Христијан Стојоски, за песната “Плачи срце” ?!

Христијан Стојоски пред извесно време го промовираше неговиот најнов спот за песната “Плачи срце”. Станува збор за доста емотивна песна, а Христијан се потпишува како комплетен автор на истата.

Спотот кој што го изработија неговите соработници од ИН Продукција, се снимаше на повеќе локации низ Охрид.

Деновиве, Христијан гостуваше во емисијата Наша сцена на ИН ТВ, при што меѓудругото ни ги раскажа неговите импресии од спотот. Тој е презадоволен од крајниот резултат и вели дека постојано добива позитивни критики за видеото и песната.

-Искрено да ви кажам, јас сум презадоволен од спотот и не очекував да испадне толку добро. Се беше одлично, па се надевам дека ќе има добра гледаност. Песната “Плачи срце” веќе ми ја бараат на моите настапи, но се надевам дека ќе стане уште поголем хит.-истакна Стојоски за гледачите на ИН ТВ.

Тој за следниот период најавува нова песна, која што ќе биде продолжение на “Плачи срце”. И за таа песна ќе биде изработен спот, со ИН Продукција.

Во продолжение,  погледнете го спотот !

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*