Нов албум најавува Благојче Стојановски Туше

Еден од најпознатите и најбараните фолк пејачи, Благојче Стојановски Туше во интервју за ИН ТВ открива дека во подготовка е неговиот нов албум. Тој во моментов се наоѓа во Австралија на уште една навистина голема турнеја.

Благојче Стојановски Туше во моментов се наоѓа во Австралија, заедно со неговата сопруга и двајцата синови. Поводот за престојот таму е остварување на уште една негова турнеја, исполнета со бројни настапи низ повеќе градови каде што ги има нашите македонци.

Покрај неговите ангажмани, тој успева да најде време и за дружба со неговите роднини и пријатели од Австралија, а тоа можеме редовно да го погледнеме низ фотографии на социјалните мрежи.

Неодамна, Благојче беше дел од Новогодишните емисии кои ги снимаше сателитската ИН ТВ таму, а во интервјуто на задоволство на неговите фанови, за следниот период најавува нови песни, но и албум.

-Па да веќе снимам и имам неколку готови песни, до месец јуни-јули сигурно ќе го имам и остатокот од песните. Кон крајот на летото планирам да издадам ново цд или до октомври-ноември со сигурност ќе биде готово.-открива Стојановски, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, пред извесен период Туше го промовираше спотот за песната “Ех што љубам едно девојче”, кој беше во соработка со ИН Продукција. Текстот за оваа песна го напиша самиот тој, музиката е дело на Роберт Митревски од Сиднеј, а аранжманот е на Славко Ристески од Прилеп.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*