Која е причината поради која „2 Челос“ не настапуваат веќе заедно?!

Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер го сочинуваат популарното дуо „2 Челос“ кои ја освоија публиката, но некои работи повеќе нема да бидат исти оваа година.

Лука Шулиќ ќе настапи соло во февруари во Белград, објаснувајќи зошто повеќе не свири со Стјепан.

– Бидејќи паузиравме, време беше Стјепан и јас да се посветиме на нашите проекти. Постоевме и пред„ 2 Челос“, така што е нормално и двајцата да имаме свои уметнички желби и аспирации, но тоа не значи дека нема да свириме повторно. Прекрасно е да можеме да настапиме и сами и заедно – изјави Лука Шулиќ за српски „Стори“.

Овој талентиран музичар вели дека најважно е што тој стана татко по втор пат.

– Никој не може да ви го врати времето ако имате две мали деца. Уживам да сум дома. Еве, Хана игра покрај мене и сега додека зборуваме. Целиот моја животн филозофија е тоа да имам семејство. Сепак, јас не сум тип што само сака да биде дома и да менува пелени. Сепак, јас сум уметник и треба да се изразам така. Сега закажувам петнаесет концерти за шест месеци, а со „2 Челос“ толку беа за еден месец – рече Лука.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*