Спотот за “Бум Бум” од Гавазова за две недели собра над пола милион прегледи на јутјуб

Дали го погледнавте и дали ви се допадна новиот спот на Сузана Гавазова за песната “Бум Бум”?!

Две недели по објавувањето, новиот спот од фолк дивата Сузана Гавазова собра над пола милион прегледи на јутјуб каналот.

Станува збор за музика која потекнува од старо струмичко оро, од кое подоцна е направена песна на ромски јазик.

 -Првпат ја слушнав од Бернат и многу ми се допадна, па си реков зошто да не ја направам јас на македонски јазик и многу убаво звучи на македонски, а зурлите и тапаните се најпознатите македонски инструменти и убаво се совпадна.-вели Сузана во интервјуто за ИН ТВ.

Текстот за оваа песна го напиша Орце Зафировски.

Како што вели таа, нејзините очекувања се дека и песната, заедно со спотот ќе си го најдат своето место и дека ќе има добра гледаност и популарност.

Инаку, спотот се снимаше на повеќе локации во Охрид, во соработка со нејзините долгогодишни соработници од ИН Продукција.

Во продолжение уживајте во песната и спотот !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*