Новак Ѓоковиќ во Мелбурн се забавуваше со трубите на Стефан Ночевски и неговиот оркестар

Стефан Ночевски и неговиот трубачки оркестар, го забавуваа познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ во познат ресторан во Мелбурн. Стефан ексклузивно за Естрада плус, ги раскажува неговите импресии од средбата и дружбата со мега ѕвездата.

Младиот македонски трубач Стефан Ночевски, кој живее во Австралија, заедно со неговиот трубачки оркестар од Мелбурн, беше поканет да го забавува светски познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ во еден од најпознатите ресторани во Мелбурн, ‘Mediterrano charcoal restaurant’.

Стефан ексклузивно за Сателитската ИН ТВ ги раскажа неговите импресии за средбата со Ѓоковиќ и вели дека навистина задоволството да се настапи со оркестарот пред една ваква супер ѕвезда е големо, а чувството неописливо.

-Прв пат го запознав Новак и стварно ми остави прекрасен впечаток. Тој е доста дружељубив, дарежлив човек и навистина знае да се развесели на нашата музика. Новак беше доста задоволен од пречекот и навистина му беше мило што музиката ја направи атмосферата уште поубава.-изјави Стефан, за естрадниот магазин Естрада плус.

Стефан додава дека Новак ги обожава звуците на трубата и им кажал дека му е најомилен музички инструмент. Ноле бил доста воодушевен и од тоа како Австралјанците ја негуваат балканската музика.

Екипата на Естрада плус и ИН ТВ му посакува многу среќа на Новак Ѓоковиќ за неговите наредни натпревари кои ќе се одржат во Мелбурн.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*