Емрах Мехмеди најавува бројни новитети и соработка со ИН Продукција

Младиот пејач Емрах Мехмеди од Жировница, е познат по тоа што веќе подолго време ја негува македонската народна песна. Тој деновиве за естрадниот магазин Естрада плус открива дека во периодот кој следува ќе ја продлабочи соработката со ИН ТВ, во однос на снимање нови спотови и емисии. 

Емрах има одлична соработка со голем број познати музички имиња од македонската естрада, како и текстописци и композитори. Зад себе има неколку авторски песни, “Да се вратам од туѓина”, “Кога тргнав на печалба” и други, кои што пред извесен период ги претстави во студиото на ИН Продукција во Охрид.

Тој е доста познат и по неговите бројни настапи кои што ги има низ нашата земја, најчесто на семејните прослави, а има и доста гостувања надвор од Македонија. Емрах често гостува во Германија, Турција, Италија.

Периодов, пејачот активно работи на снимање на новиот материјал, новите песни кои ќе се најдат на неговиот албум кој планира да го објави во најскоро време. За 2020-та година најавува голем ангажман кој може да го погледнете на неговиот фејсбук профил.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*