ИН ТВ ги избира најпопуларните во Австралија

На 1-ви февруари во салата “Ferraro Receptions”, по повод роденденот на сателитската ИН ТВ ќе бидат избрани најпопуларните и најуспешни лица и здруженија во Мелбурн. Предвидена е богата музичка програма, но и бројни изненадувања за сите гости.

Единствената македонска телевизија во Австралија, ИН ТВ, за периодот кој следи најавува бројни настани, манифестации и одлична забава за сите македонци кои живеат низ Австралија.

Откако во новото студио на ИН ТВ во Мелбурн, беше снимено Новогодишно шоу на кое учествуваа голем број македонски музички имиња од Македонија и Австралија, овој пат сателитската телевизија организира нешто поразлично и спектакуларно.

Имено, по повод 9-тиот роденден, ИН ТВ на 1-ви февруари во “Ferraro Receptions”-Мелбурн со почеток од 8 часот ќе одржи голема роденденска забава на која ќе настапат Татјана Лазаревска, Новица Василевски, Владе Јованоски, Марјан Васкоски, Иван Радевски, Стефан Ночевски, Амадеус бенд, а специјален гостин ќе биде Гоце Петрески-Бананата.

За роденденската забава да биде уште поинтересна за присутните гости, ИН ТВ ќе ги избира најпопуларните и најуспешни лица и здруженија од Мелбурн за 2019-та година.

Мени картата изнесува 85 долари, а за деца до 12 години ќе чини 40 долари.

Покрај во Мелбурн, изборот на најуспешни лица е предвидено да се одржи во повеќе градови низ Австралија. Од сателитската ИН ТВ ветуваат пред се, одлична забава, но и бројни изненадувања за гостите.

На манифестациите ќе биде присутна екипа на ИНТВ и екипа на ИН Продукција од Македонија, а истиот настан ќе биде директно емитуван на Сателитската ИНТВ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*