Анета и Молика, Два Бона, Џамбо Агушев на 15 февруари во Швајцарија

По повод празникот Св. Трифун и Св. Валентин, македонското друштво “Пирок” организира голема македонска забава во Швајцарија. Забавата и овојпат ќе се одржи во Halle des Fetes, Payerne, а е предвидена богата музичка програма за сите вкусови. 

Ќе настапат незаменливите Анета и група Молика, едни од најомилените кај помладата публика, извонредните ДВА БОНА, а за забавата да биде уште поатрактивна дел од оваа вечер ќе биде и Џамбо Агушев со неговиот оркестар. После 23 часот е предвидена забава со Ди џеј Гурумикс и Ди џеј Тренд.

Се разбира дека и овојпат, друштвото “Пирок” најавува и богата лотарија, а главна добивка ќе биде автомобил.

Влезот ќе чини 20 франци за возрасни лица, а за деца до 13 години, истиот е бесплатен.

За македонската забава е организиран превоз со “Horizont Reisen – Niko Ekspres”. Поаѓањето од Македонската Православна црква “Св. Наум Охридски” во Триенген е помеѓу 13:30 часот и 14:00 до Payern. За враќање од 01:30 до 02:30 часот.

Останати се уште 20 места, затоа побрзајте и резервирајте на телефонскиот број 079 559 94 58.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*