Нова песна на Игор Андреевски : Со весели ноти, а тажни зборови ќе го растрепери вашето срце

Игор Андреевски во студиото на ИН Продукција промовираше нова песна која носи наслов “Прости ми сине”. Музиката и текстот се дело на Игор, а аранжманот е на Дарко Дамевски.

“Прости ми сине” е насловот на новата песна од младиот и талентиран пејач Игор Андреевски, кој воедно е автор на музиката и текстот, а аранжманот го направи неговиот колега Дарко Дамевски.

Песната буди доста емоции, а во неа се зборува за мајка која во нејзината младост го напуштила својот малечок син. Нивната средба доаѓа после многу години, кога таа бара прошка од него. Празнината која што синот ја чувствува во себе, ја кажува со зборовите: “Деновите поминати со мајка, не може со ништо да се надополнат, а за грешките-само Господ е тој што суди и простува”.

Игор песната ја промовираше токму пред Новогодишните празници, во студиото на ИН Продукција.

Во продолжение слушнете ја песната “Прости ми сине” и погледнете го видеото !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*