(ВИДЕО) Сузана Гавазова доста провокативна во спотот за “Џунгла”

Сузана Гавазова Новата 2020-та година на своите пријатели им ја честита со промоција на спот за песната “Џунгла. Песната ја има во две верзии, на македонски и српски јазик.

Една од најпознатите и најбараните фолк пејачки во земјава и надвор од неа, Сузана Гавазова, на уникатен начин им ја честита новата 2020-та година на своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи.

Таа на фејсбук, заедно со убава порака објави уште една нејзина нова песна, повторно заедно со спот кој што е во режија на Ник Скерлев.

-Почитувани пријатели со гордост ви ја претставувам новата песна “Џунгла” и спотот кој го снимавме неодамна со познатиот режисер и продуцент Ник Скерлев. Пред се, сакам да ви ја честитам новата 2020-та година, да сте живи и здрави, Господ да дава мир и спокојство, нека биде бериќетна и плодна за сите. Благодарност до целиот тим и до сите кои работеа на оваа песна и спот !-напиша фолк дивата на својот фејсбук профил.

Инаку, како што открива Гавазова во интервјуто за ИН ТВ, песната “Џунгла” си има и македонска, но и српска верзија, како и повеќето нејзини песни.

-Во истиот момент кога снимивме спот на српската песна, снимивме и на македонски. Снимањето помина доста напорно и во месец декември си дадов навистина премногу задачи, но сепак издржувам. Се е во најдобар ред, така да ќе биде се супер.-изјави Сузана, за естрадниот магазин Естрада плус.

Во продолжение уживајте во провокативниот спот !

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*