Австралиската ИНТВ отвори свое студио во Мелбурн

Единствената македонска телевизија во Австралија-ИНТВ, отвори свое студио во Мелбурн. Истото ќе биде одлично место за промоција на сите македонски музичари кои во Австралија ги има во голем број. Официјалното отворање на студиото беше означено со снимањето на првото Новогодишно шоу во Мелбурн, во организација на ИНТВ.

Пред само краток период, пред Новогодишните празници, официјално беше отворено студиото на Единствената македонска телевизија во Австралија-ИНТВ. Отсега, македонските пејачи и музичари кои ги има во голем број низ Австралија ќе си имаат свое катче кое воедно ќе биде одлично место за промоција на нивните нови песни и музички дела и секако, место за промоција на сите нив.

Студиото беше официјално отворено со снимањето на првото Новогодишно шоу во Мелбурн, кое што беше во организација на екипата на ИНТВ од Македонија и Австралија.

Гледачите на ИН ТВ деновиве имаа можност да уживаат со убавите македонски песни и најновото музичко шоу на кое што настапија Татјана Лазаревска, Новица Василевски, Гоце Петрески-Бананата, Благојче Стојановски-Туше, Марјан Васкоски и Легато бенд, Ројал Бенд-Мелбурн, Стевче Јовановски, Стефан Ночевски, Христијан Божинов-Кико и Болеро Бенд, Стела Бенд, Влатко Мелбурн-гајда, Владо Јованоски и Амадеус бенд, Благојче Матлиоски, Иван Радевски и уште многу други.

Покрај македонските изведувачи, на шоуто настапија и играорците од КУД Тоше, кои важат за едни од најпознатите ансамбли во Австралија.

-Вечерва сме тука на ваша покана и Благодарност до вас, за да се претставиме со наши кореографии и наши ора. како најдобро македонско Културно уметничко друштво во дијаспората заедно со естрадни уметници од Австралиското поднебје.-истакна Ѓорѓи Блажевски, претседател и кореограф на КУД “Тоше” од Австралија.

-Најпрво ќе ги поздравам гледачите на ИНТВ, ова ми е прва Новогодишна емисија која ја снимам за ИНТВ, така да многу ми е драго што вечерва сме заедно.-истакна во интервјуто, пејачот Владе Јованоски.

-Благодарност на ИНТВ и нејзината екипа кои успеаа да ја направат оваа вечер прекрасна и успеаа да ја организираат на ваков висок и убав стил, на кој што може да подзавидат сите. Им Благодарам на целиот тим кој што учествуваше во организацијата на ова шоу кое за првпат успеа да се организира во Мелбурн, беше прекрасно, се дружиме, пееме, се веселиме заедно и нека продолжи и понатаму. Немам друго што да кажам, освен пофални зборови.-изјави Марјан Васкоски.

Покрај во Мелбурн, ИНТВ сними Новогодишно шоу во Сиднеј, а за следниот период се планирани низа манифестации, како Охридските средби, Изборот на најуспешни лица и здруженија за 2019-та година и уште бројни настани кои ќе бидат вистинско освежување во етерот.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*