1-ви февруари : Избор на најуспешните лица во Мелбурн

По повод 9-тиот роденден, Единствената Македонска Телевизија во Австралија-ИНТВ организира голема роденденска забава на 1-ви февруари во Мелбурн. Покрај богатата музичка програма која што ја планираат организаторите, воедно ќе бидат избрани најуспешните лица и здруженија за 2019 година.

На 1-ви февруари во салата “Ferraro Receptions” ќе се одржи “Избор на најуспешни лица за 2019-та”. Оваа манифестација е организирана по повод 9-тиот роденден на Единствената Македонска Телевизија во Австралија-ИНТВ.

Изборот на најуспешни лица и здруженија е предвидено да се одржи во повеќе градови низ Австралија, а на забавата ќе настапат голем број музички имиња од естрадата. На задоволство на сите присутни, специјален гостин ќе биде еден од најпознатите македонски изведувачи, Гоце Петрески-Бананата.

Организаторите ветуваат пред се, одлична забава, но и бројни изненадувања.

На манифестациите ќе биде присутна екипа на ИНТВ и екипа на ИН Продукција од Македонија, а истиот настан ќе биде директно емитуван на Сателитската ИНТВ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*