(ВИДЕО) Вистински “БУМ” : Сузана Гавазова промовираше нова песна со спот

Песната “Бум Бум” од Сузана Гавазова си доби и спот, кој го изработи ИН Продукција. Спотот се снимаше на неколку локации во прекрасниот Охрид.

На повеќе локации во Балканскиот Ерусалим како што го нарекуваат, односно во прекрасниот Охрид, се сними новиот спот на фолк дивата Сузана Гавазова за песната која е насловена “Бум Бум”. Снимањето се одвиваше во одлична и доста весела атмосфера, а видеото кое веќе е пуштено во етер, го изработи ИН Продукција.

-Не сум била од лани во Охрид и многу ми е убаво кога ќе дојдам тука особено во зима, а дојдов по повод снимањето на спотот за една нова песна која се вика Бум Бум. Снимивме со ИН Продукција, на неколку локации во Охрид, па мислам дека ќе им се допадне на гледачите.

Се снимаше кај црквата Св. Софија, по Охридската чаршија се прошетавме со музичари, зурлаџии и тапанари од Дебар, кои дојдоа специјално за ова снимање, јас им се заблагодарувам. Мислам дека беше интересно и додека се снимаше луѓето гледаа, беше атракција на некој начин. Пријатни се луѓето во Охрид, па кога се снимаше не поздравуваа, гледаа и се веселеа.-истакна Гавазова, за естрадниот магазин Естрада плус.

Станува збор за музика која потекнува од старо струмичко оро, од кое подоцна е направена песна на ромски јазик.

 -Првпат ја слушнав од Бернат и многу ми се допадна, па си реков зошто да не ја направам јас на македонски јазик и многу убаво звучи на македонски, а зурлите и тапаните се најпознатите македонски инструменти и убаво се совпадна.-вели Сузана во интервјуто за ИН ТВ.

Текстот за оваа песна го напиша Орце Зафировски.

Како што вели таа, нејзините очекувања се дека и песната, заедно со спотот ќе си го најдат своето место и дека ќе има добра гледаност и популарност.

Во продолжение уживајте во песната и видето !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*