Момците од Дрим Тим новата 2020-та ќе ја дочекаат во кругот на семејството

Момците од групата Дрим Тим, Дочекот на Новата 2020-та година ќе ја поминат во кругот на семејството и нивните најблиски личности. За следната година најавуваат нови песни, албум и реализација на Етно Балкан 2.

Иако повеќето музичари од македонската естрада, Новогодишната ноќ ќе ја поминат работно, со нивни ангажмани во земјава, но и надвор од неа, некои од нив повеќе преферираат Новата година да си ја поминат со нивните најблиски. Така и момците од Дрим Тим, после 20 работни години за најлудата ноќ, овојпат заедно решиле овој ден да го поминат во кругот на семејството.

-Да ви кажам искрено еве колку што јас се сеќавам после 20 години активно година за година работно за Дочекот на Новата година, се договориме со колегите дека оваа година нема да настапуваме. Сите ќе одиме некаде, па еднаш и ние да си ја прославиме Нова Година.-открива Дејан, вокал на групата.

Како што истакна Дејан Чуле, 2019-та година поминала доста успешно за Дрим Тим со бројни настапи, но и реализација на проекти. За 2020-та година го најавуваат проектот Етно Балкан 2, кој веќе се подготвува кај маестро Сашко Велков.

-Годинава помина многу работно, ете сеуште не се завршени ангажманите траат. Реализиравме неколку проекти, има и нови кои што ги работиме и песни. Сашко го спрема и продолжението на Етно Балкан 1, се спрема Етно Балкан 2, нови песни и нов албум. Се надеваме дека на почетокот од 2020-та година ќе се реализира Етно Балкан 2.-вели тој, во интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, групата Дрим Тим опстојуваат долги години на македонската естрада и важат за едни од најпознатите и најбарани музичари во земјава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*