Гоце Илиески-Балада на 31-ви декември ќе ги забавува прилепчани на Градскиот плоштад во Прилеп

Прилепчанецот Гоце Илиески-Балада на 31 Декември ќе одржи настап на Градскиот плоштад во Прилеп. Тој за сите посетители, ветува одлична забава.

Пејачот и кант-авторот Гоце Илиески-Балада ќе ги забавува прилепчани на 31 Декември на градскиот плоштад во Прилеп. Присутната публика ќе има можност во живо да ги слушне неговите песни “Биди ти моја” и “Тоа остана”-песни за кои самиот тој се потпишува како автор на музиката и текстот.

Исто така колку да напоменеме, Гоце Илиески-Балада е автор и на сите 12 песни кои пред 2 недели премиерно беа изведени на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња” во Прилеп во преполната сала во Домот на културата “Марко Цепенков”.

Моментално, како што истакнува е ангажиран околу аудициите за новото издание на детскиот фестивал кои се во тек. Исто така пред настапот на Гоце, на 31 Декември на Градскиот плоштад свој настап ќе имаат и солистите од Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња”, а ова е уште една можност најмладата публика да ужива во хитовите од овој Детски Музички фестивал.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*