2019-та доста успешна за Кирил Белистојаноски-За следната година најавува нов голем проект

2019-та беше доста успешна и исполнета со настапи и ангажмани за Кирил Белистојаноски. За 2020-та година тој најавува нов проект со преработка на староградски песни.

2019-та година беше навистина успешна за поголемиот дел музичари од македонската естрада и повеќето од нив во интервју за ИН ТВ истакнаа дека годинава беше доста плодна на музички план. А доста успешна и исполнета со бројни настапи и активности, беше и за Кирил Белистојаноски. 2019-та за него ќе заврши со неговиот настап во ресторанот Билјанини извори, каде што воедно за него и ќе започне новата 2020-та година.

-Оваа година изобилуваше со доста настапи. Крајот на 2019-та, односно Дочекот на 2020-та година ќе го поминам во ресторанот Билјанини извори, така да сите гости кои што сакаат да ја поминат Новогодишната вечер и останатите сум таму.-истакна Белистојаноски, за естрадниот магазин Естрада плус.

За следната година, Кирил открива дека има голем број планови, а еден од најинтересните е реализацијата на новиот проект со староградски песни кој ќе биде во соработка со Наум Џуклески, но и уште неколку музичари од македонската естрада.

-Еве веќе Наум откри дека за 2020-та година планираме нов проект со староградски песни, преработени и очекуваме нов албум со преработки на стари македонски песни. Ќе видиме допрва како ќе се одвива тоа, ќе биде снимено се во студиото на Наум Џуклески. Јас искрено бев презадоволен од соработката и од овие две песни што беа снимени таму, така да продолжуваме понатаму со соработката нормално и во 2020-та.-додава тој во интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, Кирил Белистојаноски и Наум Џуклески деновиве во студиото на ИН Продукција ја промовираа нивната нова заедничка песна која е насловена “Судба”. Тие оваа прилика ја искористија и за промоција на кавер песна од легендарниот пејач Наум Петрески. Се надеваат дека и двете песни ќе бидат добро прифатени од јавноста.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*