Сузана Гавазова и Балкан Бенд со нов музички проект

Сузана Гавазова, Балкан бенд и пријателите е насловен новиот видео проект, кој што ќе имате можност да го гледате за време на Новогодишните и Божикни празници.

Фолк дивата Сузана Гавазова пред само краток период сними заеднички видео проект со момците од Балкан бенд. Во проектот се вклучени уште неколку музичари од македонската естрада, кои важат за нивни блиски соработници. Сузана во интервјуто за ИН ТВ истакна дека гледачите наскоро ќе имаат можност да уживаат во еден нивни мини концерт.

-Снимивме неколку песни во Скопје, кавери од неколку песни македонски, српски, ромски. Проектот се вика Сузана Гавазова, Балкан Бенд и пријателите. Учествуваат Џамбо Агушев, Амза Таиров од Виница и направивме едно доста добро шоу и можам да кажам дека ќе биде еден мини концерт. Прекрасно си поминавме, не беше ништо тешко додека траеше снимањето. Имав и специјална екипа од Бугарија кои беа дојдени да се погрижат за мојот изглед и мислам дека ќе биде доста успешен тој проект. Така да, ќе има уште проекти понатаму во 2020-та година, но овој во 2019-та го  направивме како што треба, па ќе видиме сега колку ќе биде успешен.-вели Сузана, за естрадниот магазин Естрада плус.

И момците од Балкан бенд се презадоволни од проектот со Сузана и од одличната организација. Тие велат дека нивната соработка со фолк дивата, секако ќе продолжи и во иднина.

-Снимањето помина одлично, морам да кажам дека не е тоа наша прва соработка после песната “Камикази”, која што е дует со Сузе. Ова беше една заедничка идеја, заеднички проект со многу гости од естрадата. Помина навистина се беспрекорно, одлично со добра организација, па ете за некој период ќе имаат можност и гледачите да погледнат и слушнат што сме сработиле.-изјави Александар Тасевски, вокалот на Балкан бенд.

Сузана Гавазова на прославата за 40-тиот роденден, пред присутните гости ја промовираше нејзината најнова песна “Љубомора”, за која што деновиве ќе сними спот во соработка со ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*