Нов шок за Дарко Лазиќ: Јасмина тврди дека има вонбрачно дете со него

Според пишувањата на српските медиуми, пејачотДарко Лазиќ неодамна доживеал голема непријатност на својот настап во Германија.

Имено, непозната женска личност се појавила на неговиот настап и сите присутни ги шокирала со тврдењето дека Дарко е татко на нејзиниот 3- годишен син.

Според зборовите на изворот на српските медиуми, девојката барала да разговара со Лазиќ, но обезбедувањето ја спречило во тоа.

-Тоа беше вистински хаос. Сосема обична вечер се претвори во утврдување на татковство. Јас бев на влезот од клубот во кој Дарко пееше, имаше многу гужва, немаше игла каде да падне. Сите беа убаво расположени и со нетрпение го чекаа да излезе на сцена. Меѓутоа, во клубот забележав и една девојка која направи сцена и која инсистираше да ја спроведат до Дарко. Зборуваше дека итно мора да го види затоа што треба да му соопшти нешто многу важно. Љубезно ѝ кажаа дека дискотеката не е место за расчистување на интимни проблеми и ја замолија да не прави проблем, но таа не сакаше да ги послуша. Откако не ја пуштија им кажа да му соопштат на Дарко дека има уште едно дете, но обезбедувањето не обрна внимание на нејзините зборови, открил изворот.

Заа оваа ситуација бил информиран и Дарко, кој останал во шокж.

-Дарко рече дека нема вонбрачно дете, а истакна дека ако го има, ќе го признае. Се исплаши дека некој го мести и затоа не сакаше да разговара со девојката. Рече дека не познава никаква Јасмина од Франкфурт. Пејачот не можеше да поверува на што сè се спремни жените и како ги користат децата за манипулација. Сепак, сè се заврши добро. После концертот Дарко се сликаше со фановите и делеше автограми, заклучил изворот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*