Христијан Стојоски открива во кој дел од денот му доаѓа инспирација за творење

Освен тоа што пее, тој и твори нови македонски песни. Иако е релативно млад, Христијан Стојоски е голем музички талент.

Младиот и талентиран пејач Христијан Стојоски, покрај тоа што поседува талент за пеење, тој од неодамна започна и да твори музика. Изминатиов период Христијан сними спот за најновата песна “Плачи срце”, која е негово авторско дело, бидејќи тој се потпишува зад текстот и музиката.

Христијан во интервјуто за ИН ТВ, меѓудругото открива во кој дел од денот му доаѓа најголема инспирација за творење.

-Дефинитивно инспирацијата ми доаѓа ноќе, но понекогаш се случува рано изутрина кога ќе станам. Имам некоја инспирација во себе, можеби од некој сон и мора да го запишам тоа. После си настанува дел по дел се дури не ја усовршам песната. Музиката ми доаѓа според текстот, да видам во кој ритам би одговарала, па тоа што го осеќам во мене излегува и го снимам прво на телефон, после одиме во студио правиме демо снимка ја вежбаме песната.-раскажува Стојоски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Преку неговата најнова песна, Христијан сака да го врати стилот на незаборавните “Опус”, “Алпина”, “Кис ми”,  кој што според него е малку подзаборавен.

-Овој стил не замислував дека ќе го негувам, ама дојде време. Примив и некои совети од повеќе лица, мислев дека е време нешто да сменам и да направам нешто помодерно. За оваа песна ме инспирираше Ване Петкоски и ми кажа дека одамна ваков стил не бил излезен, последно како Опус, Алпина, Кис ми во овој стил. Па си реков да пробам да го вратам по малку стилот и се надевам дека и другите ќе го следат мојот пример.-додава тој во интервјуто.

Спотот за песната “Плачи срце”, се очекува да биде промовиран деновиве на сателитската ИН Телевизија. Христијан се надева дека и песната и видеото ќе бидат одлично прифатени од јавноста.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*